Поврзи се со нас

Гостивар

Подобрените услови носат повеќе ученици во интернатот во Гостивар

Објавено

на

Во средношколскиот интернат во Гостивар, се преземаат мерки и зафати за подобрување на условите за престој на учениците. Собите добиваат нов изглед, со нов под, врати, а планирано е реновирање и на тоалетите во собите за девојчињата.

„Сега поставуваме нови врати во собите кај момчињата, додека кај девочињата тоа беше направено во текот на зимскиот распуст. Ставивме и нов ламинат, а некаде во мај ќе се реновираат тоалетите. Се трудиме условите да се подобрат што повеќе“, рече  Линдихана Салаи Сулејмани, директор на средношколскиот дом во Гостивар.

 Пред да започне школската година, во летниот период  беа набавени нови кревети, душеци, бироа и столчиња за сите ученички соби. Реновирани се, исто така кујната и холот на зградата.

Инвестициите за подобрувањето на условите даваат резултати и бројката на деца кои се сместуваат во гостиварскиот интернат се зголемува. Моментално тука престојуваат околу 180 средношколци.

Зголемениот интерес е уште еден плус за интернатот, со оглед дека финансирањето на установата оди преку Министерството за образование, според бројот на деца.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена