Поврзи се со нас

Гостивар

Агенцијата за електронски комуникации: Не одговарајте на неидентификувани повици од странство

Објавено

на

Поголем број граѓани утрово добиле телефонски повици од непознати странски повикувачки броеви. Тие се пожалија дека откако ќе одговорат на ваквите повици, никој не возвраќа по што линијата се прекинува.

Агенцијата за електронски комуникации излезе со соопштение и апел до сите претплатници во иднина да не повикуваат кон непознати пропуштени броеви од странски држави, бидејќи ќе им бидат наплатени високи цени на меѓународни повици.

„Во врска со зачестените измами на пропуштени повици за кои денеска Агенцијата за електронски комуникации беше известена од повеќе претплатници сакаме да ве известиме за следното:
По добиените известувања од страна на многу корисници дека има случаеви на пропуштени повици од непознати странски броеви Агенцијата свика итен состанок со претставници на операторите со цел надминување на ваквата ситуација. Станува збор за измами при која претплатникот добива краток повик кој прекинува пред да има можност претплатникот да одговори. Ако претплатникот го повика овој број најчесто добива одговор од гласовна машина и истиот се наплаќа по меѓународна тарифа. Ваквата измама во поинтензивна мерка е регистрирана од 06:30 часот утрово при што голем број на претплатници беа вознемирени со кратки повици од непознати броеви од странство. Најчесто повиците потекнуваа од Литванија, Естонија и сателитскиот операторот Глобал Стар. Операторите ги превземаа сите мерки за заштита на своите претплатници при што до 09:00 часот утрово блокирани беа најголем дел од броевите преку кои се остваруваше ваквата измама, но истото не значи дека ваква измама нема да се повтори од други броеви. За надминување на ваквата состојба Агенцијата апелира до сите претплатници во иднина да не повикуваат кон непознати пропуштени броеви од странски држави, бидејќи за истото ќе им биде наплатено високи цени на меѓународни повици, се вели во соопштението на АЕК.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена