Вести
МОН: Настава нема, просветниот кадар ослободен од работа
Со одлука на Владата, од денес училиштата, градинките и факултетите се затвораат, како превенција од ширење на коронавирус.
„Тоа значи дека учениците и студентите нема да посетуваат настава, а воедно во истиот овој период нема да бидат достапни за користење ниту просториите, односно услугите на државните студентски и ученички домови. Истовремено, дадена е и насока за прекинување на посетата на сите воннаставни активности и други приватни активности кои децата ги извршуваат вон наставата (посета на воспитно-образовни активности, курсеви, дополнителни часови, спортски тренинзи и слично) во наредните 14 дена. Сите вработени во основните и средните училишта се целосно ослободени од работните обврски. Административниот кадар во високообразовните установи, јавните научни установи и во ученичките и студентските домови имаат обврска да бидат на работа, со исклучок на хронично болните, бремените жени и родителите кои имаат деца со навршена возраст до 10 години. Препорака за наставниот кадар на високообразовните и научните установи е да оди на работа само во случаи на неодложни обврски – давање потписи, одржување состаноци и други тековни работи.“, соопшти Министерството за образование.
МОН во соработка со Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, согласно одредбите од Законот за основното образование и Законот за средното образование, ќе подготват план за организирање на наставата за деновите кои нема да се работат.
Надлежните потсетуваат дека и понатаму на сила се препораките дадени на 26.2.2020 а кои се однесуваат на одложување на сите планирани патувања и екскурзии на ученици и студенти во ризични земји и региони посочени од страна на Светската здравствена организација, како и одржување на хигиената во просториите на образовните установи на највисоко ниво.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот