Гостивар
Кризен штаб Гостивар: Строго да се почитуваат препораките, изолација и хигиена на ниво!
Кризниот штаб на Општина Гостивар на денешниот состанок оцени дека состојбата со коронавирусот на подрачјето е стабилна, и дека граѓаните треба да продолжат да ги следат препораките на надлежните.
Официјално до денес до 12 часот, во Гостивар нема нов потврден случај на коронавирус, што значи дека подрачјето останува со еден заболен, кој беше регистриран на 19 март.
Кризниот штаб, со кој раководи градоначалникот Арбен Таравари донесе неколку заклучоци за превенцијата и мерките за заштита на населението од вирусот.
„Секоја институција да инсистира на лична хигиена и физичка дистанца. Изолација и што помалку контакти со постари лица и со коморбидитети (хронични заболувања). Институциите продолжуваат да комуницираат едни со други со единствена цел да бидат што е можно поефикасни во настаната ситуација“, се дел од заклучоците.
Таравари нагласи дека ситуацијата е сериозна, но нема простор за паника. Следниот состанок на Кризниот штаб е закажан за 26 март (четврток).
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!