Поврзи се со нас

Гостивар

Кризниот штаб во Гостивар бара банките и дуќаните каде има гужви да спроведат поголем ред

Објавено

на

Состојбата со коронавирусот на гостиварското подрачје е стабилна, надлежните продолжуваат со превентивни мерки, граѓаните да останат дисциплинирани и одговорни. Ова беа дел од заклучоците на денешниот состанок на Кризниот штаб во Гостивар.

Како што претходно информиравме, за Ковид 19 во гостиварско вкупно до сега биле тестирани 31 лице, новозаболени нема. На жената којашто е единствен регистриран случај од Гостивар утре ќе и биде направен контролен тест и зависно резултатите таа ќе биде испишана од инфективното одделение и ќе продолжи во домашна изолација.

Кризниот штаб бара од банките и други објекти кадешто се создаваат гужви, да спроведат поголем ред.

„На банките и одредени продавници  коишто работат овој период во кои настанува поголема гужва, каде луѓето не го одржуваат растојатнието што го препорачува Светската здравствена организација, им советуваме да организираат посебно обезбедување за да се одржува дистанцата меѓу граѓните како што е дадено во сите препораки“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Кризниот штаб оцени дека комуникацијата меѓу институциите без разлика дали се централни или локални е на многу добро ниво и сите надлежни до граѓаните инсистираат да се следат и почитуваат препораките, односно да се останува дома и да не се излегува без потреба.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 29 минути

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 1 час

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 3 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 5 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 6 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 19 часа

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 20 часа

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 21 час

Куче скитник утрово нападнало гостиварец

Македонијапред 22 часа

Одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена