Вести
Во Гостивар девет лица го загубиле животот во несреќи при работа
Зголемен е бројот на човечки жртви во несреќи при работа и други несреќни случаи на подрачјето на Гостивар. Минатата година била кобна за девет лица, кои животот го загубиле во немили настани од таков вид.
Според статистиката на СВР Тетово, во 2016 година во Гостивар и гостиварско регистрирани се 18 несреќни случаи и 19 несреќи при работа. Споредено со претходната година, тоа се вкупно 12 повеќе. Притоа девет од нив завршиле со смртни последици, а 15 лица се здобиле со тешки телесни повреди. Најголемиот број од повредените биле од машки пол на над 30 годишна возраст.
Анализите на полицијата покажуваат дека несреќите при работа најмногу се должат на човечко невнимание, некористење заштитна опрема и непридржување кон важечките критериуми и стандарди од оваа област. Најчесто се случуваат при извршување на градежни работи (поправки, доградби и други интервенции на објекти). И извршувањето земјоделски и шумски работи може да биде опасно, доколку не се внимава и не се користи соодветна заштита. Така, неколку несреќни случаи се регистрирани при управување со трактори и друга земјоделска механизација како и при сечење и транспорт на дрва.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ