Вести
Во Гостивар за работа најбарани се архитекти, инженери, информатичари
Младите гостиварци повеќе сакаат да студираат на факултетите за општествени науки, додека за техничките струки се определуваат мал дел од нив. Овој тренд, трае со години наназад, а го потврдуваат и статистиките на Центарот за вработување во Гостивар. На листата на невработени најчесто се среќаваат економисти, правници и слично, иако паразарот на трудот налага друго. Најпотребни се архитекти, инженери, физичари кои ги нема во доволен број. „Во нашата евиденција на невработени има повеќе правници, економисти, професори по странски јазици како англиски и германски. Но, фалат професии како архитекти, информатичари, математичари“, изјави Хисен Амзаи, раководител на Центарот за вработување во Гостивар
Минатата година, гостиварскиот Центар ја заокружи со бројка од околу 9.100 невработени лица. Поголемиот дел од нив, или 6.217 се евидентирани како активни баратели на работа.
Моментално за подрачјето на Гостивар течат отворени огласи за вработувања на медицински сестри, продавачи, шумарски инженер, менаџер, готвач. Работниот кадар е потребен за различни фирми во гостиварскиот регион.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ