Поврзи се со нас

Гостивар

Светски ден на книгата – Читањето го намалува стресот

Објавено

на

Денешниот датум, 23 април ширум светот се одбележува како Светски ден на книгата. Празникот на најголемиот извор на знаењето се слави под покровителство на УНЕСКО. Преку најразлични активности се промовира читањето и книгите, се дава поддршка на издавачите и се укажува на важноста на заштитата на авторското право.

Почетоците за одбележување на денот се бележат во Шпанија, во далечната 1923 година.  Продавачите на книги меѓусебно се договориле да му оддадат почит на славниот Мигел де Сервантес,  автор на „Дон Кихот“, кој починал токму на оваа дата. Претходно во Шпанија тој ден се славел како Ден на розите и луѓето меѓусебе си разменувале рози. По предлог на сопствениците на книжарниците, почнале наместо рози, да си разменуваат книги.

Во 1995 година, УНЕСКО решава да го официјализира датумот како Светски ден на книгите, поради Каталонскиот фестивал во Шпанија, смртта на Мигел де Сервантес, но и смртта на Вилијам Шекспир, токму на истиот овој датум. Во Шпанија, прославувањето на овој ден подразбира дводневен читачки маратон на популарното дело „Дон Кихот“ на Сервантес.

Придобивки од читањето има многу. Кој редовно чита книги, секој ден учи нешто ново. Можете да загубите работа, имот, пари, дури и физичко здравје, но никој не може да ви го одземе знаењето. Читањето  книга не само што ни помага да го одржиме постојното ниво на знаење, туку и да го прошириме. Читајќи постојано го снабдуваме нашиот мозок со нови информации, кои никогаш не знаеме кога може да ни требаат во животот. Колку повеќе знаеме, ние сме подготвени да одговориме на различни предизвици со кои се соочуваме во животот.

Не само што со читање стануваме посмирени, туку нашиот ум станува бистар и побогат. Една американска невролошка студија докажа дека читањето книга е важна во животот на секој човек, од неговото детство до подоцнешните години. Луѓето кои во текот на целиот свој живот читаат на дневна основа, имаат развиено ментални способности и поголема меморија во сите периоди на животот.

Според една научна студија, само 6 минути читање дневно го намалува нивото на стрес за неверојатни 68%.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена