Поврзи се со нас

Магазин

Што психички не’ чека откако ќе помине коронакризата?

Објавено

на

Психичкото здравје е еднакво важно како и физичкото и за него треба да водиме сметка подеднакво како и за превенцијата од зараза со вирусот. Грижата за психичкото здравје треба да биде подеднаква како и миењето на раце.

Кога се соочуваме со ситуација која е потенцијално опасна, таа е и непредвидлива, не знаме многу за неа и всушност ние се плашиме од нашето незнаење. Тогаш доаѓа до природно, биолошко чувство на страв од непознато. Со појавата на висусот, напнатоста  и анксиозноста се повеќе се зголемува. Се јави потреба емоционално да се прилагодиме на новата ситуација, а тоа е тешко, напорно и бара наши дополнителни ресурси. Оваа ситуација може и да не зајакне, пред се во личниот развој и проширување на нашите видици, ќе откриеме колку сме флексибилни, колку ни се интересни одредени работи, колку сме јаки и способни да се соочиме со тешки ситуации.

Но, што не очекува кога сето ова ќе помине? Предизвиците кои ги носи пандемијата во голема мера зависат од тоа во кој стадиум на животот се наоѓаме. Биолошки не сме сите подеднакво загрозени. Како што веќе видовме најзагрозени се постарите лица, а најмалку загрозени се децата. А што е со адолесцентите и оние во средни години? Во овој развоен период ќе се соочат со донесување на важни животни одлуки, од нив ќе се бара да започнат нов систем на функционирање.

Откако ќе се заврши сето ова, може да се очекува сешто, од колективно чувство дека светот е опасно место до економски последици кои ќе доведат до пораст на депресивните состојби и анксиозните пореметувања. Исто така, може да се очекува и некој облик на ресетирање на друштвените вредности, кои ги живеевме до пред пандемијата. Во краток период може да се соочиме и со пораст на солидарноста, меѓусебното поврзување и помала нагласеност на материјалните вредности.

Во оваа кризна ситуација човештвото може многу да научи и долгорочно да профитира. Се формираат про-социјални однесувања  како организирање на помош на старите, разни иницијативи за помош –  од материјални до инструментални и психолошки – кои се нудат волонтерски.

Ваквиот универзален заеднички непријател како што е вирусот на кој никој не е имун без разлика на статусот, потелкото, богатството, ја соединува заедницата и таа се соединува во борба против него. Изолацијата и намалувањето на нашите активности може да доведе до успорување на супербрзиот животен ритам кој што го имавме и ќе не натера да ја разбереме хиерархијата на вистинските вредности во животот.

 

пишува: Слаѓана Анѓелкоска, доктор по психолошки науки

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 3 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 4 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 8 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 9 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 12 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 12 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 13 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 15 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 16 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена