Поврзи се со нас

Гостивар

Кризен штаб Гостивар: Час поскоро да има протоколи за отворање на летните тераси на локалите

Објавено

на

Олабавување на рестриктивните мерки и подготовка на протоколи за отворање на летните тераси на угостителските објекти. Ова се предлозите на Меѓуопштинскиот Кризен штаб, кој денес на состанок ја разгледуваше состојбата со коронавирусот во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше.

„До централниот Кризен штаб уште еднаш го доставуваме предлогот, полицискиот час во работни денови да почнува од 23 часот и да трае до 5 наутро, а за викендите да биде од 21 часот до 5. Исто така, предлагаме Владата што поскоро да подготви протоколи за отворање на летните тераси на рестораните и кафулињата. Сметаме дека тие се мали бизниси кои се многу важни за локалната економија“, рече градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во својство на претседател на штабот.

Надлежните оценија дека состојбата во регионот е под контрола и е стабилна, а граѓаните генерално ги почитуваат донесените мерки и препораки.

„Ги молиме сите граѓани и во идните денови, кога ќе има олеснување на одредени мерки, уште повеќе да се придржуваат до препораките за заштита  од коронавирусот“, нагласи Таравари.

Во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше од вчера е дозволена продажба на кафе во кафетериите по шалтерски систем. Дозволата за продажба на кафе по принципот „купи и оди“, дојде по  барање на Меѓуопштинскиот кризен штаб.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена