Македонија
Препораки за планинарите: Најмногу 5 во група, во ранецот да носат маска и ракавици, да се одбираат полесни патеки…
Комисијата за планинарски водичи при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија донесе повеќе препораки за активности на планина во наредниот период, поврзани со превенцијата од Ковид 19.
- Се препорачува организирање на планинарски акции со најмногу 5 учесници (вклучително и планинарскиот водич).
- Планинарските акции да бидат по лесни патеки без снег, без да се доведат во опасност учесниците на акцијата, но и при евентуална несреќа, и спасителите.
- Планинарскиот водич, односно организаторот на планинската акција, да има список со учесници со контакт информации.
- Да се избегнува групен транспорт и при транспортот со возила да се употребуваат заштитни средства.
- Пријавените кои не се чувствуваат добро и имаат температура, задолжително да останат дома за да се спречи потенцијалното ширење на вирусот.
- Да се почитува растојанието меѓу учесниците при движење од 5 метри.
- Во ранецот да носат маска за нос и уста или марама, гумени ракавици и средство за дезинфекција.
- Задолжителна е употреба на маска за нос и уста и гумени ракавици, при давање помош на учесниците.
- Да се избегнува ракување, прегрнување, пиење од заедничко шише и поделба на храна.
- Поради ерозија (снег, мраз, промена на температурата) можно е оштетување на планинарските патеки и зголемена е опасноста од излизгување, паѓање на камења и гранки. Се замолуваат учесниците на планинарските акции да бидат внимателни и да пријават оштетувања на планинарски патеки во планинарските клубови.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок