Гостивар
Во Бигорски осветен параклис на Свети Николај Чудотворец
Митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј, во сослужение на Архимандритот Партениј, протојерејот Никола Христоски, јеромонасите Ефросиниј и Кирил и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски денес, го освети параклисот на Николај Чудотворец, кој се наоѓа во Источниот Палат од манастирскиот комплекс Свети Јован Бигорски.
Осветувањето на параклисот е во рамки на празнувањето на големиот јубилеј 1.000 години од основањето на древното македонско православно светилиште.
Параклисот е живописан во 2014 година од зографот Горан Боев, монахот Аверкиј и браќата на Бигорската Обител.
На осветувањето беседеше Архимандритот г.Тимотеј:
„Осветувањето на овој параклис посветен на свети Николај Мирликиски чудотворец во оваа Бигорска обител, нека послужи за наше просветлување и утврдување на нашата вера. Да ни ги отвори духовните очи, да ни ја умножи љубовта, па да го проповедаме и сведочиме словото Божјо како вистински следбеници на Господа Христа“.
фото: Бигорски манастир
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок