Македонија
Италијанскиот јазик нова можност за шестoодделенците од ООУ Единство Гостивар
За многу луѓе, најтешкиот чекор при желбата за изучување на некој јазик е одлуката кој јазик да го одберат.
Учењето странски јазици станува тренд во целиот свет. Луѓето се’ почесто патуваат, а со тоа добиваат и желба за учење на јазиците кои се зборуваат во земјите кои ги посетуваат. Со повеќе од 85 милиони луѓе кои го користат, италијанскиот јазик е еден од најпопуларните странски јазици за изучување.
Во земјава донесена е наставна програма со кој се воведува во сите основните училишта низ цела наша држава учење на италијанскиот јазик, со што учениците имаат можност да го одберат италијанскиот како втор странски јазик од шесто одделение.
Веќе трета година по ред, италијанскиот јазик е еден од понудените странски јазици кои идните шестоодделенци можат да го изберат во рамките на нивното основно и средно образование. За таа цел, Здружението на професори по италијански јазик од нашата земја започна кампања за промоција на италијанскиот јазик низ македонските градови. Во рамките на кампањата, професорите по италијански јазик го потенцираат фактот дека наставните програми за италијански јазик во основно образование се целосно ориентирани кон комуникација и во центарот на наставата се става практичната страна од изучувањето на италијанскиот јазик во комуникативни ситуации од секојдневието на децата. Италијанскиот се изучува како трет странски јазик во повеќе гимназии низ Македонија, но во моментов, италијанскиот јазик веќе е задолжителен изборен втор странски јазик во основни училишта во Битола, Струмица, Куманово, Св.Николе, Гостивар, Маврово, Струга, Центар Жупа и Делчево.
Во Гостивар, таа можност ја имаат учениците во ООУ Единство Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот