Забава
11 научни факти за читањето книги
Денес, за жал, многу млади сметаат дека читањето книги е хоби на интровертни, слаби и асоцијални луѓе. Меѓутоа, се разбира, сите оние со такво размислување се во голема заблуда, бидејќи со нечитање се лишуваат себеси не само од задоволството кое секоја книга го приредува, туку и од многубројни позитивни ефекти. Науката со силни факти го поткрепува тврдењето дека читањето книги донесува многу корисни придобивки, пред сѐ кога се во прашање емоционалните и интелектуалните капацитети на личноста. Еве неколку од нив.
1. Оној што редовно чита книги, секој ден учи нешто ново
Знаењето никој не може да ви го одземе. Читањето не само што ни овозможува да го одржиме постоечкото ниво на знаење, туку и го проширува. Со читање постојано го снабдуваме мозокот со нови информации, а никогаш не се знае кога, тие, ќе ни затребаат во животот. Што повеќе знаење имаме, поспремни сме да одговориме на разни животни предизвици.
2. Со читање го збогатуваме нашиот речник
Колку повеќе читаме книги, толку повеќе зборови ќе се најдат во вашата секојдневна употреба. Поширок вокабулар и способноста за убаво изразување ја зајакнува вашта самодоверба. Покрај тоа, добро дефиниран говор и правилно изговарање на зборовите можат да бидат од голема полза во секоја професија. Начитаните луѓе, добрите говорници кои можат да зборуваат за разни теми, се високо ценети и почитувани во деловниот свет и брзо напредуваат во кариерата.
3. Читањето ве прави подобра личност
Во едно истражување на Универзитетот Емори од 2013-та година, споредувана е работата на мозокот на две групи на луѓе. Едни, пред експериментот читале книга, додека другите не. Со скенирањето на мозокот се утврдило дека читањето на книгата разбудило чувства на грижа и емпатија кон другите, што не се случило со другата група кои не читале книга. Освен тоа, тим на њујоршки психолози дошол до заклучпк дека читањето на книжевни фантазии буди способност за детектирање и разбирање на емоциите кај другите луѓе.
4. Читањето е заразно
Родителите кои сакаат да постигнат нивните деца да го засакаат читањето, можат тоа да го направат така што секојдневно, дома, ќе читаат на глас. Научно е докажано дека децата на училишна возраст на кои родителите им читале книги на глас, имаат поголеми шанси да развијат склоност и интерес кон читањето. Драги родители, читајте им на своите дечиња приказни за добра ноќ, тоа е најдобар начин да и тие го засакаат читањето.
5. За остар ум
Не само што со читањето стануваме попаметни, туку и нашиот ум станува побрз и побистар. Една американска невролошка студија докажува дека читањето книги е важно за секој човек, од неговото детство па се до периодот на поодминати години. Луѓето кои во текот на животот редовно читаат, имаат развиени ментални способности и подобро паметење во сите животни периоди.
6. Читањето ја подобрува меморијата
Додека читаме книга запознаваме многу нови ликови, нивниот карактер, амбиции, односно сиот нивни свет. Сите тие информации мозокот ги собира и ги чува. Секое ново сознание, кое мозокот го складира во својата меморија, подтикнува развој на нови и ги зајакнува постоечките мозочни синапси, што директно влијае на зајакнувањето на нашата меморија, особено кај краткотрајното памтање.
Додека читаме интересна книга, фокусирани сме исклучиво на приказната во неа, додека сѐ околу нас како да не постои. Доволно е 15 до 20 минути пред да започнете со работните задачи и веќе од првиот ден ќе бидете изненадени колку е подобра вашата концентрација.
8. Читањето како превенција кај Алцхајмеровата болест
Едно неодамнешно исцрпно истражување на американските научници недвосмислено покажало дека постарите луѓе кои го окупираат мозокот со активности, како што е играњето шах, решавањето загатки или шитањето на книга, имаат два и пол пати помали шанси да заболат од Алцхајмер, за разлика од луѓето кои го трошат своето време на помалку стимулативни активности. Иако не значи дека со читање ќе ја спречите појавата на оваа болест, утврдено е дека постои силна врска помеѓу читањето и превенцијата од алцхајмеровата болест.
9. Читањето ги ублажува симптомите на депресија
Дури 76% од учесниците во едно истражување во Велика Британија изјавиле дека читањето го подобрува квалитетот на нивниот живот и им помага да се чувствуваат добро. Оние кои редовно читаат се позадоволни од својот живот, посреќни се и имаат повеќе самопочитување. Читањето може да ни го олесни прифаќањето на реалноста. Нѐ поттикнува да го истражуваме непознатото и да ги развиваме идеите кои можат да нѐ доведат до позитивни промени во ќивотот.
10. Читањето опушта и го намалува нивото на стрес
Добар роман или интересна стручна книга се одличен начин за опуштање и ослободување од стресот. Без разлика колку проблеми имате на работа или во меѓусобните односи или во било кое подрачје од секојдневниот живот, на сѐ заборавате кога ќе се задлабочите во шитање на добра книжевна приказна. Според една научна студија од 2009-та година, само 6 минути читање на добро четиво го намалува нивото на стрес за неверојатни 68%.
11. Читањето го развива аналитичкото размислување
Дали некогаш сте читале некој трилер роман и сте успеале да ја разрешите мистеријата пред завршетокот на книгата? Тоа е можно единствено ако сте ги зеле впредвид сите факти и околности од книгата и детално сте ги анализирале. Ако е така, тогаш сте успеале, со читање, да ги зголемите аналитичките способности, кои сигурно ќе ви бидат корисни во понатамошната кариера. Во било која професија, секоја работа подобро се извршува со добра анализа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот