Поврзи се со нас

Гостивар

Longleat labirint – најдолгиот лавиринт на светот

Објавено

на

Longleat labirint се наоѓа во градината на една вила во Лонглит, во непосредна близина на селото Хорнингсхем во Англија. Дизајниран и отворен во 1975-та година, овој лавиринт се состои од 16.000 коренчиња англиска жива ограда, а вкупната должина на патеката изнесува дури 2.27 километри.

Longleat-labirint-3

Живата ограда во лавиринтот е висока 2.5 метри, а се извртува околу шест издигнати мостови и централна кула за набљудување. Живата ограда ја одржуваат шест градинари на кои им се потребни месец дена да ја потстрижат и уредат оградата, а овој процес се повторува секои шест месеци. Но, одржувањето на живата ограда представува само пола од работата. Вистински предизвик за градинарите е навигацијата, а посебно за новите работници кои често се губат во неа.

Longleat-labirint-4

Лавиринтот е толку комплексен што посетителите понекогаш и со часови се движат низ него. За оние кои не успеваат да го пронајдат излезот, во лавиринтот се наоѓаат сигурносни панели преку кои може да се побара помош, па некој од персоналот да дојде по нив. Некои посетители мамат со помош на модерната технологија. Се користат паметни телефони и Google maps така што, со помош на GPS сигналот, побрзо да го најдат излезот.

PIN OF THE WEEK: Longleat Hedge Maze – Digitourist

Покрај лавиринтот на истиот имот се наоѓа и огромен сафари парк во кој слободно се движат над 500 егзотични животни.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена