Здравје и убавина
Спас за секој пушач: Природен еликсир за чистење на белите дробови
Ако сте пушач повеќе од пет години, сигурно чувствувате последици од оваа нездрава навика. Бронхитисот, како и пушачката кашлица е сигурно нешто со што се борите, а постои рецепт кои може да ги олесни тие проблеми.
Секако, најдобро што може да направите е да ги оставите цигарите, но додека не се одлучите на тој чекор, пробајте го овој рецепт.
Потребно ви е:
- Ѓумбир, кој ќе ви помогне да се ослободите од секретот во грлото.
- Лук и кромид, кои имаат силни антиканцерогени својства, па се одлична превентива од малигните болести. Лукот е особено ефикасен во превенцијата на респираторните инфекции.
- Куркума, преполна со витамини, минерали и омега 3 масни киселини.
Рецепт за еликсирот за чистење на белите дробови:
- 400 грама кромид, едно чешне лук
- 1 литар вода
- 2 лажички куркума
- Парче ѓумбир со големина колки палецот
Подготовка:
Во водата ставете шеќер и оставете малку да се вари водата. Додадете го кромидот исечен на поголеми парчиња и ѓумбирот кој сте го изрендале или исецкале на помали парчиња. Кога мешавината ќе зоврие, додајте ја и куркумата, намалете ја температурата и оставете уште малку да се вари. Варете додека смесата не се преполови количински, а потоа исцедете и течноста префрлете ја во стаклена тегла. Оставете смесата да се олади на собна температура, а потоа префрлете ја во фрижидер.
Примена:
Консумирајте по две лажички наутро на празен стомак и два часа после вечерата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот