Поврзи се со нас

Гостивар

Во регионот на Гостивар нема нови позитивни на Ковид 19, во земјава 127 потврдени

Објавено

на

Институтот за јавно здравје информираше дека во земјава се потврдени вкупно 127 новозаразени со коронавирус. Најмногу од нив, 67 во скопскиот регион, по што следува штипско до 33 и тетовско со 10 нови случаи. Во останатите региони има по помал број новозаболени, додека во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше во денешната статистика нема нови пациенти со коронавирус, а еден е регистриран како веќе оздравен.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравараи кој е претседател на Меѓуопштинскиот кризен штаб рече дека состојбата е релативно стабилна, но дека тоа не значи граѓаните да се олабават и ги повика на доследно почитување на мерките за заштита. Во однос на позитивните пациенти со коронавирус нагласи дека скоро со сите е во постојан контакт и дека повеќето се асимптоматски.

„Контактирам со пациентите, повеќето немаат никакви симптоми и се чувствуваат добро, се надевам дека така и ќе остане. На сите граѓани сакам да им порачам да продолжат да ги почитуваат мерките. Сметам дека Гостивар има помал број на заболени од останатите поголеми градови, токму затоа што граѓаните се однесуваат одговорно и почитуваат мерки“, рече градоначалникот.

Моментално на подрачјето на трите општини од регионот има 28 активни случаи на коронавирус.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 7 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 8 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 13 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 14 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 15 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 17 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 18 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена