Поврзи се со нас

Гостивар

СДСМ Гостивар со критики и обвинувања кон ВМРО ДПМНЕ и апел до граѓаните да ги почитуваат антикорона мерките

Објавено

на

Општинската организација на СДСМ во Гостивар и денеска се огласи во јавноста на прес конференција упатувајќи критики кон политичките опоненти, како и повик до граѓаните максимално да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19.

ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува сопствената неодговорност да ја маскира со лажни вести, нагласи претседателот на гостиварските социјал демократи, Драгољуб Филипоски:

„Се бориме со пандемија од коронавирус, но и со пандемијата на лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ! Александар Николовски е друг случај од многуте. Излажа, па беше демантиран од ООН. И пак не престанува да шири лажни вести и вели дека наводно 200 вработени во УЈП биле во изолација. Оваа лага УЈП ја демантираше исто така, бројот на вработени кои се во изолација не надминува 40. Истото тоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во време кога сите се бореа со првите закани од коронавирсуот, лажеа дека направени биле само 100 теста. Оттогаш досега направени се десетици илјади тестови. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека 140.000 луѓе останале без работа поради коронавирусот. Институциите излегоа со податоци дека во посочениот термин 8.100 лица останале без работен ангажман. Мицкоски и Наќе Чулев лажеа и безмалку се натпреваруваат кој ќе каже поголема лага. За случајот со теретаната Чулев велеше не биле ракавици туку „отсјај од светлината“ а Мицкоски пак дека имало некакви „боени ракавици“!!!“

Апелот што од СДСМ го испратија до граѓаните е одговорно однесување и доследно придржување до заштитните мерки.

„Сега е најважно, секој од нас, без исклучок, постојано и доследно да ги почитува мерките за заштита. Ако сега се посветиме сите, преку строго преземање лична заштита, ќе успееме бројот на новозаболени да го сведеме на минимум. Ако тоа не го сториме, ни претстои долга и тешка борба со вирусот и закана по нашето здравје, нашата економија, нашето секојдневние. Вирусот е тука, опасен е, иако е јасно е дека многу мал број граѓани имаат симптоми од него. Но, тука нема правила, секој од нас е под потенцијален здравствен ризик.“ рече Филипоски.

 

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 11 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 15 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена