Гостиарски
Така се зборува во Гостивар (7)
Оваа недела, преку книгата „Така се зборува во Гостивар“, повторно ќе пренесеме раскажувања и сеќавања за старите гостиварски семејства, познати по своето богатство или занаетчиско мајсторство. Прочитајте која била фамилијата каде заедно во една куќа живееле седум браќа со невестите и децата, а кои биле познати терзии. Книгата е дело на Боге Димитриески.
Гостиварски фамилии
Тија, као правослáвни, само ēн Мишко, Мишко Филипоски. Има од социјално, ко ќе заминеш за-нá-пазар…Сеа син-му од Мишкота има напраено туе куќа. Фамилијата нивна. Тиа Филипоски се викаа. И тиа сǎт доселени од Леуноо, ама тиа уште од порано. За време турско уште сǎт дојдени во Гостивар. Тиа сǎт најстари. После, други, отприлика кој да ти кажам? Имат некол`ку фамилии туека дојдени. Тиа за време турско што сǎт дојдени. Имаше еден Трајче, Трајче, тој од Порече беше. И тој држеше за време бивша Југославија хотел „Русија“ се викаше. Имаше неколцина, сум ги изгубил од вид, сум немал такви контáкти сó-ними.
(Нофит Синадиноски, 1912)
Е, сеа да кажам и за фамилиите други гостиварски. Во Гостивар што биле по, не по богáство, ја сега можам да ценам чоека по добрина, по кој е по поштен, по искрен, по искреност. Али во мојве години сегашни тоа можам да `о ценам. А тога се гледало по богáство. Кој е побогат. Е така. Беше нашата, Дуцеска фамилија. Па имаше Тримческа фамилија, близу до нашите седеа. Тиа беа исто печалбари, кои беа во Египат. Во Александрија, ли, тамо. Нēстите дома ќе седеа, стариот ќе седеше дома и свекрвата. Во една куќа живеа, тија беа седим браќа. Седум браќа туе! Свите живеа заедно. По една соба браќата, инаку, јадење, месење со ред невестите. Оваа недел`а едната месит, другата перет, третата чистит. И таке тоа си одеше на смена. Таја беше Тримческа фамилија. Имаше една фамилија…тија се викаа Мирчевци. Тој беше еден стар и четворица браќа. Тиа, па, свите беа Румуниа печалбáри. И тиа невестите дома. После имаше една фамилија, тиа `и викаа Живковци, тиа си работеа свој занат, беа терзии. Терзии `и викаа овјаа што праат џамадани, антерии, тиа-рáботи, селски. И тиа беа поштена фамилија. Нé-беше којзнае ко`лку, али…Поштени беа многу, али нé-беа којзнае колку богати сакам да речам. Е, имаше, тој нé-беше од овде, једина брашнáра коа беше во Гостивар, тој беше од Тетово дојден, чика Софре. Ја `и памтам ними зашто тој имаше ќерка заедно одевме в школо. И све одев каде ними, дур ми рече: „многу те сакам, ќе те земам за син-ми“. А ја син-му не го сакав. И више, реков, ја нé-одам кǎј ним. А со ќерката нивна бевме нераздвојни другарки.
После беше ушт` една фамилија:Цагуревци `и викаа. Е од тиа Цагуревци е само еден останат, Бобе, тој е инжењéр, зет ми е мене. Тој е једини останат. После имаше една фамилија, тиа се отселија во Скопје – од Ксенте Богоев, тā фамилија. После имаше фамилија Синадоноски и тија беа терзии. Ја ова `и напомињам некој што `и знам, кои стално иделе ке нас, кои контактирале со нас и така.
(Ѕвезда Китановиќ, 1929)
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ