Поврзи се со нас

Македонија

Донесени уредби за поддршка на ученици и студенти за дигитални вештини, за сместување и студирање

Објавено

на

Владата на последната седница даде согласност за издавање ваучери за средношколци кои доаѓаат од семејства со ниски приходи во максимален износ до 3.000 денари за купување училишен прибор.

Донесена е и Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на млади лица за стекнување со информатичко-технолошки и дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на труд за време на вонредна состојба, со која се уредуваат условите, начинот и постапката за издавање и користење на ваучери со номинална вредност до 30.000 денари, издаден од Министерството за образование и наука, на млади лица за обуки за дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот, погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

Средствата за спроведување на оваа уредба се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија преку Програмата на Министерството за образование и наука П1-Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, во вкупен износ од 150.000.000,00 денари.

Дадена е и согласност за Уредба со законска сила за плаќање на дел од партиципацијата во трошоците за студирање за студенти запишани првпат на прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во Република Северна Македонија, партиципација за сместување во студентски дом и партиципација на трошоците за приватно сместување на студенти чие образование се финансира од буџетот на Република Северна Македонија, а се од семејства со ниски приходи за време на вонредна состојба.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Ново раководство на Клубот на млади на Црвен Крст-Гостивар

Занимливостипред 10 часа

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Гостиварпред 12 часа

Во ОВР Гостивар пријавен напад од основец врз соученик во двор на училиште

Гостиварпред 13 часа

На пазарот во Гостивар „од пиле млеко“ – Цените намалени, торбите пополни

Избори 2024пред 14 часа

ДИК прифати 6 приговори во Петтата изборна единица и еден во Шестата

Македонијапред 15 часа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцеларија со тројца вработени

Гостиварпред 16 часа

Две лица нападнати од кучиња скитници во Гостивар

Македонијапред 17 часа

Граѓаните за онлајн шопинг лани потрошиле 573,4 милиони евра

Технологијапред 18 часа

Надграден ChatGPT-Побрз, зборлест, па дури и флертува, ама се‘ уште греши

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена