Поврзи се со нас

Гостивар

Србиноска, носител на листа за ИЕ 6 од ИНТЕГРА: Нудиме конкретни решенија да го подобриме животот на граѓaните

Објавено

на

Почетокот на предизборната кампања во шестата изборна единица, Македонската конзервативна партија Интегра го означи со прес конференција во Гостивар на носителот на листата, Виолета Србиноска.

„Од денес во наредните 20 дена, јас и мојот тим ќе пристапиме до сите наши пријатели, роднини, комшии, до сите населени места, до секој граѓанин и ќе разговараме за неправдите и понижувањата што изминатите 30 години ги преживува обичниот граѓанин. Триесет години грабеж, осиромашување и омаловажување од двете најголеми политички партии во државата. 30 години уништување на целокупниот систем и меѓусебно амнестирање од криминалот. Нудиме конкретни предлози и решенија како да го вратиме достоинството на Македонецот во својата држава, да го подобриме животот и конечно секој граѓанин да биде задоволен и горд на својата етничка припадност“, рече Србиноска.

Во програмата на Интегра е опфатено решавањето на статусот на бранителите.

„Конечно по толку години, ИНТЕГРА во својата програма како никој досега, има решение за бранителите кои 2001 година крвавеа во рововите и ја одбранија татковината. Овие луѓе не смееме д ги оставиме на маргините на општеството како до сега, а камо ли да ги ставиме ов ист ранг со останатите“, нагласи носителот на листата.

Во своето излагање, Србиноска истакна дека како партија нема да дозволат 6 изборна единица да биде предмет на договори помеѓу албанските партии од една и македонските од друга страна. Како носител на листата, ја побара поддршката од граѓаните за партијата што ја претставува и ги повика масовно да излезат на гласање.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 13 минути

Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба откако беше пукано во него

Македонијапред 58 минути

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 1 час

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 3 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 4 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 4 часа

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Деца Родителипред 8 часа

Семејство-најмалиот, а најважен градежен блок во општеството!

Македонијапред 9 часа

Православен празник во слава на Св.Атанасиј Велики

Гостиварпред 20 часа

Ново раководство на Клубот на млади на Црвен Крст-Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена