Поврзи се со нас

Гостивар

Филипоски: Ја извадивме државата на прав пат, можеме уште подобро во следните 4 години

Објавено

на

„Денес СДСМ и Коалицијата Можеме ја започнуваат здравствено безбедната кампања преку која на гласачите ќе им ја претставиме нашата понуда за овие избори. За три години СДСМ и Владата што ја предводи покажаа одговорност, решителност и визија во решавањето на проблемите на граѓаните и државата. Направивме пресврт на подобро, државата ја извадивме на прав пат, општеството напредува на секое поле. Сега е време за нови иницијативи на кои се обрзуваме, пред граѓаните, но и пред себеси. Ние знаеме дека заедно со граѓаните, можеме да постигнеме уште повеќе и уште подобро.“, истакна на прес конференција за почеток на предизборната кампања, денес во Гостивар кандидатот за пратеник на СДСМ во шестата единица од овој град, Драгољуб Филипоски.

Тој напомена дека се направени инвестиции во здравството, се дава поддршка на економијата, претприемништвото и на младите таленти.

„Нудиме нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места. Модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца и идните поколенија. Создаваме средина во која младите ќе го јакнат претприемачкиот дух, иновациите и креативноста. Влеговме во НАТО – можеме и во ЕУ! Тоа значи сигурна иднина за сите нас и за сите наши деца и гарантиран брз економски развој, затоа што добиваме пристап до пазар од 4 милијарди евра годишно.“, рече Филипоски додавајќи дека политичките опоненти немаат визија и водат деструктивна политика: „Од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Христијан Мицкоски, партија без став за ниту едно важно прашање, партија заглавена во режимската матрица од која ниту сака ниту може да излезе. Тоа е партија, водена од збунет, неодговорен и незрел политичар, кој не знае економија, кој е посветен само на деструкција, чиешто однесување е опасност за државата.“.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 11 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 12 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 17 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 18 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 20 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 21 час

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 23 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 2 дена

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена