Поврзи се со нас

Парламентарни избори 2020

„Економијата е уништена, а за ваучерите сите ние ќе враќаме долгови“ порача Дафина Стојаноска, носител на листа од ВМРО ДПМНЕ

Објавено

на

Носителот на листата од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 6, Дафина Стојаноска по посетата на приватни компании и средба со стопанственици во тетовско, подвлече дека економијата во земјава  е уништена, а народот осиромашен.

„Трета година по ред како не запира грабежот врз народот во Македонија. Економијата ни е уништена и не треба да сме експерти за тоа да го согледаме. Секој ден сме се посиромашни и се потешко врзуваме крај со крај. Поскапувањата ни се секојдневие, вработувања нема, има отпуштања, а производителите и бизнисмените се оставени без никаква помош од државата, и тоа во ситуација кога таа треба најмногу да им помогне. Економијата е наука и ако некој не умее да ја стави во полза на граѓаните, тогаш тој некој може да стане економски убиец на својата земја. Ете, токму тоа нам ни се случува последниве три години. Од ова економско убиство на Македонија ќе ни страдаат поколенијата.“, нагласи Стојаноска.

Зборувајќи за ваучерите од Владата, Стојаноска рече: „Ни треба сериозна обнова. Обнова која нема да им остави долгови на нашите деца за утре, истовремено денес давајќи им или повторно ветувајќи им некакви ваучери. Тие ваучери не се милостина, ниту економски изум на оваа власт. Ваучерите се од нашите џебови и за нив сите ние ќе враќаме  долгови. Ни треба сериозна обнова  која ќе донесе рамен данок од 8% и данок од 0% за младитедо 29 години. Обнова после која повторно ќе се искачиме на врвот, меѓу најдобрите. Ние тоа навистина можеме, знаеме и сакаме да го направиме. Лесно се гради иднина кога се сака татковината. На 15-јули да избереме повеќе за сите и за татковината. Заокружете 14!“.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена