Поврзи се со нас

Гостивар

Стојаноска во посета на Лешок: Жртвите низ историјата на Македонија и народот не се на продажба

Објавено

на

„Дрвото на слободна Македонија е натопено со многу крв од борци и патриоти кои немерливо ја сакале. Ние денес ја живееме нивната жртва. Ја живееме независна и слободна Република Македонија. И имаме обврска кон децата што своите таковци ги гледаат само на фотографии, кон нивните мајки, кон нас и нашите поколенија, имаме обврска да ја направиме Македонија пристојно место за живеење. И се обврзуваме на ова. Жртвите низ историјата на Македонија, како и народот во неа и неговата иднина, не се на продажба. Жртвите од пред  19 години, како Ѓоко Лазаревски од Лешок, ќе останат наша вечна лузна и спомен на еден од потешките периоди од современата македонска историја. Тие жртви се дадоа за наше подобро утре.“, порача денес при деншната посета на тетовското село Лешок, носителот на листата во ИЕ 6 на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Дафина Стојаноска.

Во своето излагање, Стојаноска нагласи дека како партија и коалиција се обврзуваат да ја исправат неправдата.

„И сега, се наоѓаме пред избор меѓу подобро утре или повторно лаги. Подобро утре или заевиот хибриден режим. Јас нема да изберам да сум роб во сопствената држава и да сум понижена од срамните политики на Заев. Затоа, денес, од славниотЛешок, ние-кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова на Македонија”, се обврзуваме дека ќе ја исправиме неправдата! Се обврзуваме дека ќе ја исправиме Македонија!“, изјави носителот на листата.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена