Гостивар
Општина Гостивар го прекина огласот за субвенции за велосипеди, парите се исцрпени
Гостиварската локална самоуправа го прекина Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди. Како што објаснуваат од општината, прекинувањето е поради исцрпување на средствата.
„Причината е што се потрошени сите финансиски средства предвидени од Буџетот на Општина Гостивар за оваа намена, што е во согласност со клаузулата на Јавниот повик објавен на ден 08.06.2020 година:
1.4. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на општина Гостивар за оваа намена, општина Гостивар ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.“, се наведува во соопштението.
Во следниот период ќе се разгледуваат и проверуваат пријавите на граѓаните кои поднеле документи, за да се утврди кој ги исполнува условите да добие субвенции.
На граѓаните ќе им бидат надоместени 50% од сумата за купување велосипед, но не повеќе од 5.000 денари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот