Поврзи се со нас

Гостивар

Лидерот на Интегра, Ристовски во Гостивар: ДПНЕ и СДС владееа со лаги и фатаморгана, време е да ги испратиме во историјата

Објавено

на

Интегра, Македонска конзервативна партија попладнево во Гостивар на собир ја презентираше својата изборна програма, како и кандидатите за пратеници во шестата изборна единица.

Претседателот на партијата, Љупчо Ристовски истакна дека пред граѓаните на овие Парламентарни избори излегуваат со визија и знаење да донесат просперитет во Македонија.

„Дојдено е времето македонскиот народ да ја крене главата, вистината да дојде на сцена, а лагата и фатаморганата да ги испратиме во историја. 30 години две политички гарнитури ДПНЕ и СДС владеат со фатаморгана, народот е со изгубена надеж, изгубена насмевка , нашите млади немаат преспектива, одат во белиот свет. Интегра доаѓа со моќна политичка визија да испратиме во историја се‘ што ни направило стрес во нашиот живот. Македонскиот народ има право да биде благословен и просперитетен. До сега ниту една политичка партија не успеала да го понуди тој модел. Интегра излегува со таа македонска ренесанса на политичката сцена и велиме дека за 2 мандати или за период од една декада нема да ја препознаеме Македонија, таква каква што сега ја памтиме, во изминатите 30 години. Нема да сакаме да се сеќаваме, како на лош сон. Се’ што е кошмар да го испратиме подалеку  од нашите животи, да ја вратиме насмевката, радоста на нацијата, Македонецот да ја крене главата. Потребно е политичко лидерство кое ќе има сила во себе да си го сака својот народ и татковината, знаење, умеење и вештини и кое знае како да го направи тој пресврт на политичката сцена.“, рече Ристовски.

Претседателот на партијата спомена дека во изборната програма предвидуваат земјоделска стратегија наречена Арго код, насочена кон потикнување на домашното производство со помош на иновативна земјоделска механизација, овозможување на поволни услови за промовирање и креирање на позитивна бизнис клима во земјоделскиот сектор, нови законски регулативи за земјоделство и агробизнисот итн.

На настанот свое обраќање имаше и носителката на листата од Интегра во ИЕ 6, Виолета Србиноска.

„Интегра го слуша гласот на обичниот народ и наоѓа решенија за сите проблеми и неправди со кои нашите граѓани се соочуваат во секојдневното живеење. Интегра, Македонска конзервативна партија знае и умее како! Време е да се стави крај на лагите на ДПНЕ и СДС, лаги на кои им верувавме цели 30 години. Што добивме од нивните лажни ветувања? Корупција, грабеж на државата, сиромаштија и наместо Македонецот да биде горд и достоинствен како што му прилега, сега нашиот народ е со свиткана кичма понижен и уплашен. Затоа ве повикувам да излеземе сите до еден на гласачките места и без страв да го закружиме бројот 8, за вистинските луѓе, за најдоброто во Македонија, за нова Македонска ренесанса“, рече Србиноска.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 3 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 4 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 5 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 16 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 18 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 21 час

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 22 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 1 ден

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена