Гостивар
Подрачје на Гостивар во COVID фаза 3 – дневните бројки од МЗ и епидемиологија пак не се совпаѓаат
Бројот на активно болни во регионот на Гостивар (општини Гостивар, Врапчиште, М.Ростуше), според евиденцијата на Институтот за јавно здравје е околу 210.
Податоците од епидемиолошката служба во Гостивар и од Министерството за здравство за дневниот број на новозаболени повторно не се совпаѓаат, како и претходните два дена. Според податоците од епидемиологија, потврдени се 19 новозаразени. Од нив, 14 во Општина Гостивар и 5 во Општина Врапчиште. Министерството за здравство пак, во извештајот објави 6 нови случаи за Гостивар, еден починат како и 5 оздравени.
Несовпаѓањето на дневните статистики претходно беше објаснето со вршењето на епидемиолошките анкети и времето на достава на податоците до МЗ, поради што дел од заболените се евидентирале во извештајот на Министерство следниот ден.
Гостивар, според класифицирањето на Светската здравствена организација по ризикот веќе се наоѓа во фаза 3, на локализирана трансмисија на вирусот, за разлика до скоро кога беше во втора фаза, со спорадични случаи.
ИЈЗ во збирниот извештај за ковид наведува дека:
- Скопје, Тетово, Штип и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Гостивар, Свети Николе, Струга и Дебар се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
Според МЗ денес се потвредени 137 нови случаи на ковид во земјава, 10 починати пациенти и 131 оздравен.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот