Поврзи се со нас

Рецепти

Ладно кафе – уживање и здравствен бенифит во исто време

Објавено

на

Позитивно ќе влијае на вашето расположение, ќе го намали ризикот од депресија и ќе ја подобри работата на мозокот.

Ладно подготвеното кафе во последниве години е хит во светот. Вистинско освежување за топлите летни денови, а истражувањата покажале  дека конзумирање кафе подготвено со ладна вода има бројни здравствени предности.

Ладно кафе се подготвува со ладна вода која во ниеден момент не се загрева и се разликува од ледено кафе. Конзумирање на ладно подготвеното кафе ќе го забрза метаболизмот истовремено зголемувајќи ја брзината на согорување на масти во организмот.

Освен тоа, може да го намали ризикот од срцеви заболувања бидејќи содржи соединенија (помеѓу кои се кофеин, фенолни соединенија, тригонелин, киниди и лигнани) кои ја зголемуват чувствителноста на инсулин, го стабилизираат шеќерот во крвта и го намалуваат крвниот притисок. Исто така, може да го намалат и ризикот од дијабетис тип 2 бидејќи го регулираат хормоните во системот за варење кои го контролираат и го забавуваат варењето одржувајќи го на тој начин нивото на шеќер во крвта стабилно.

Стручњаците веруваат дека ладното кафе го намалува ризикот од Перкинсонова и Алцхајмерова болест.

Еве како да го подготвите?

Потребни ви се околу 220 gr кафе во зрно и 480 ml ладна вода.

Потопете ги зрната кафе во водата и ставете во ладилник да отстојат од 12 до 20 часа. После тоа процедете ја течноста така што ќе добиете концентрат од кафе. Кога ќе посакате да се напиете во една чаша ставете половина концентрат од кафе и половина ладна вода. По желба може да додадете коцки мраз, млеко, шлаг или топка сладолед.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена