Поврзи се со нас

Рецепти

Летни шпагети – изненадувачки вкусен оброк

Објавено

на

Со доаѓањето на летните денови сѐ помалку време ни се поминува во кујна, а поради топлото време и апетитот не ни е толку голем, па затоа бираме полесни оброци како салати, лесно месо, сосови, односно јадења кои брзо се подготвуваат.

Освен со вообичаените сосови, тестенините, исто така можат да бидат вкусни доколку ги подготвите со типично летен зеленчук. Еве еден рецепт со шпагети и летен зеленчук. Пробајте го, пријатно ќе се изненадите.

Состојки:

350 g шпагети

4 лажици маслиново масло

2 главици кромид

2 зелени пиперки

200 g тиквици

200 g модар патлиџан

2 домати

сол, бибер, босилек, лук (зачин)

1 коцка кокошја супа

рендан пармезан

Подготовка:

Лукот ситно исецкајте го. Од пиперките извадете ги семките и исецкајте ги на кришки, тиквиците на крукчиња, а модриот патлиџан на коцки. Доматите излупете ги, извадете им ги семките и исецкајте ги на поситни парчиња.

На загреаното масло пропржете го кромидот, додадете ја пиперката, промешајте па со ред додадете ги тиквиците, модрите патлиџани, доматите и коцката кокошја супа.

Гответе со додавање на бибер, босилек и лук додека зеленчукот не омекне. По потреба додадете и сол.

Во поголема количина врела посолена вода сварете ги шпагетите. Исцедете ги и прелијте ги со подготвениот зеленчук.

Одозгора посипете рендан пармезан.

По желба, во сосот може да додадете и пилешко месо исецкано на ситни парчиња.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена