Гостивар
Илинден ќе се одбележува под посебни протоколи, со минимум содржини, без културно-уметничка програма
Организациониот одбор за прослава на 2 Август подготвува услови за спроведување на препораките од протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести. Тие услови оваа година, заради пандемијата со КОВИД-19, ги опфаќаат бројот на учесниците, здравствено-безбедносната организација на местата каде што ќе се одржат свеченостите, транспортот и движењето до локациите и местата за посетителите и учесниците, со обезбедена дистанца и заштита, соопшти владината прес служба.
За исполнување на препораките од протоколот оваа година содржините на програмите за одбележување се сведени на минимум, само со положување венци со свежо цвеќе на спомен-обележјата, со обраќања, но без традиционалната културно-уметничка програма и без масовни народни собири на граѓани на отворено и во угостителските објекти.
Во овие услови, оваа година, свеченостите по повод 2 Август ‒ Денот на Републиката (Илинден) 2020 со кои ќе бидат одбележани 76-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание, ќе бидат со следниот распоред:
– Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста во Меморијалниот центар во Пелинце;
– Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги предводи настаните во Крушево, на Мечкин Kамен;
– Претседателот на Владата Оливер Спасовски ќе се обрати на свеченоста во Скопје.
И оваа година, како дел од официјалната програма за свечено одбележување на празникот се вклучени и содржините од Смилево со кои ќе се чествуваат 117 години од Илинден и 78 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“.
Целокупната програма за свечено одбележување на државниот празник 2 Август ‒ Денот на Републиката (Илинден) од Пелинце, Крушево и Скопје ќе ја пренесува во живо Националната радио-телевизија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок