Поврзи се со нас

Македонија

Ќе се дозволат ли свадби по рестораните? Угостителите бараат да се донесат протоколи

Објавено

на

Угостителите бараат надлежните да донесат протоколи за организирање на свечености и други настани во рестораните. Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, денес одржала состанок со Комисијата за заразни болести на која угостителите повторно, ја искажале неопходноста од креирање и донесување соодветни протоколи за контролирано одржување на прослави и настани во угостителските објекти. Од комората повторно укажале дека дел од капацитетите во оваа дејност веќе половина година воопшто не работат, поради неизготвување на протоколи, со што се става под знак прашање егзистенцијата на нивните вработени.

„Туристичко угостителската комора уште на почеток на месец јули, изготви предлог протоколи за работа според кои се предвидува работа во контролирани услови и иако во Комисијата беа оценети како прифатливи, се уште не се донесени. Безбедносниот аспект мора да биде максимално запазен согласно протоколите за работа. Во спротивно како и досега  ќе се соочуваме со приватно во сопствена режија организирање на прослави без соодветни безбедносни протоколи. Во исто време за разлика од семејните прослави, дозволени се концерти и други настани со далеку поголем број учесници за кои има предвидени протоколи.  Очекуваме Комисијата за заразни болести да донесе препораки за отворање, затоа што состојбите поради недостатокот на протоколи може да излезе вон контрола. Состојбата на сите економски оператори кои директно и индиректно согласно природата на својата дејност се поврзани со угостителските објекти како музичките уметници, фотографи, претпријатија за декорација, накит и голем број други, е крајно тешка и неизвесна“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора и додаде дека доколку наскоро не се започне со работа овие субјекти нема да издржат да опстојат на пазарот.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Вестипред 6 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 15 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 22 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 24 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена