Поврзи се со нас

Гостивар

Со 22 нови случаи на корона, Гостивар денес ги помина Скопје и Штип по новозаразени

Објавено

на

Не стивнува ширењето на коронавирусот на гостиварското подрачје. Ова го потврдуваат и статистиките на Министерството за здравство. Денес, од 11 региони во земјава во кои се регистрирани нови случаи со ковид, Гостивар е на првото место. Со вкупно 22 новозаразени, се наоѓа дури и пред Скопје, и пред Штип, кој периодов важи за жариште на коронавирусот.

За среќа, денешниот официјален извешај содржи податок и за 9 оздравени лица од гостиварско.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на пандемијата во Општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше достигна 487. Моментално активно болни се 291, најголемиот дел од територијата на Општина Гостивар.

Во продолжение дневниот извештај на МЗ.

Впоследните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 14
-Куманово 8
-Штип 13
-Струга 1
-Кавадарци 3
-Гостивар 22
-Кочани 1
-Берово 3
-Виница 4
-Свети Николе 3
-Кичево 2

Починати се 3 лица, пациент од Битола, пациент од Демир Хисар и пациент од Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од:

-Скопје 23
-Куманово 1
-Дебар 1
-Штип 11
-Тетово 17
-Велес 1
-Охрид 1
-Кавадарци 3
-Гостивар 9
-Радовиш 5
-Кочани 1
-Свети Николе 17

Досега во земјата се направени вкупно 106047 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.128, бројката на оздравени пациенти е 6.972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.656.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 6 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 8 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 12 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 13 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 16 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 16 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 17 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 19 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 19 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена