Гостивар
Суви чешми среде лето, Комуналец-Гостивар апелира на рационално користење на водата
Во текот на летниот период, во делови од Гостивар, особено повисоките населби, редовно се јавува недостиг на вода. Среде горештините, граѓани остануваат со суви чешми речиси по цели денови. И читатали на Gostivarpress.mk изминатите денови ни се обраќаа за овој проблем. Пишуваат дека водата секнува уште во претпладневните часови, а протекува дури навечер. „Се прашувам во време на пандемија, и кога е многу топло, како едно семејство нормално да функционира без вода и тоа во 21 век“, реагираше читателка од населбата Фазанерија.
Додека едни остануваа без капка вода, други со часови ги оставаат цревата да ги наводнуваат градините или да ги разладуваат дворовите.
Од Јавното претпријатие Комуналец – Гостивар нагласуваат дека поради високите температури потрошувачката на вода е многу зголемена и апелираат на рационално користење.
„Јавното Претпријатие Комуналец – Гостивар апелира до граѓаните за рационално користење на водата за пиење. Високите температури во овој период и неконтролираното трошење на водата влијаат во намалување на снабдувањето со вода за пиење во критичните делови на градот. Вршењето на услугите на највисоко ниво не зависи само од нас како претпријатије, затоа ве повикуваме заеднички да придонесеме за рационално користење на водата за пиење, Во спротивно во следните денови ќе мора да преземаме мерки против злоупотребата на вода за пиење..“, стои во нивното соопштение.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ