Гостивар
Какви мерки на заштита од ковид предвидува протоколот при влез во Македонија?
Македонски и странски државјани при влез во земјава се должни да спроведуваат одредени превентини мерки во период од 14 дена од денот на влегување. МВР го објави протоколот за спречување и ширење на ковид при влез во Македонија:
- Почитување на одредбите за носење заштитна маска во затворен простор, а доколку се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од друго лице маска не е задолжителна со внимателно избегнување на допирање на лицето со рацете;
- Да се ограничат на минимум личните и професионални контакти со други лица од нивната околина и надвор од неа;
- При евентуален контакт со други лица задолжително е носење на заштитна маска;
- Должни да се придржуваат кон упатствата за намалување на ризикот од пренесување на инфекцијата;
- Често миење на рацете или нивна дезинфекција;
- Избегнување физички контакт и одржување на растојание од најмалку 1,5 – 2 метри при контакт лице-в-лице;
- Да се избегнува користење на јавен градски и меѓуградски превоз;
- Мерење на телесна температурата наутро и доколку е поголема од 37,2 °C или ако лицето има симптоми (треска, отежнато дишење, сува надразнителна кашлица) го контактира телефонски својот матичен лекар или со сопствено возило и еден придружник се јавува на преглед во најблиската здравствена установа каде врз основа на клиничката слика се одлучува за понатамошен третман.
- Доколку состојбата бара итна хоспитализација се повикува итна медицинска помош или со сопствено возило во придружба на еден член на семејството ја посетува најблиската COVID болница, со претходна најава по телефон.
- Давање на точни податоци на здравствените власти за престој надвор од Република Северна Македонија во претходниот период од 14 дена.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок