Поврзи се со нас

Македонија

Во тек е пријавување за помош од 50 евра за училишен прибор

Објавено

на

Државата ќе доделува по 3.000 денари на средношколци од семејства со ниски приходи, како помош за обезбедување на училишен прибор.

Право на користење имаат редовни ученици, постари од 16 години, членови на семејно домаќинство во кое остварениот просечен месечен доход во семејството по сите основи за 2019 година не е поголем од просечната исплатена нето плата по вработен за месец март 2020 година (26 422 денари) објавена од Државниот завод за статистика.

Пријавувањето се одвива преку интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk. Додека документите може да се достават во хартиена форма до МОН, или да се прикачат електронски на платформата.

Потребни се следните документи:

– потврда од училиштето дека е редовен ученик запишан во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година,

– за финансиската состојба на семејното домаќинство на ученикот, односно неговото потесно семејство

– потврда за последна остварена плата на вработените членови на семејно домаќинство за 2019 година (за родителите – старатели вработени во државни и јавните установи да се достави/прикачи потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите – старатели вработени во приватни фирми да се достави/прикачи потврда за плата како и заверена декларација за плата); за пензионираните членови на семејството да се достави/прикачи документ за висина на пензија – чек; за разведени родители да се достави/прикачи доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен доход, за корисници на социјална помош да се достави/прикачи последно решение или последен чек

– изјава за користење на личните податоци на ученикот и неговото потесно семејство (родители – старатели, браќа, сестри), со која ученикот се согласува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка.

Рокот за пријавување е 17 август.

Средношколците парите ќе може да ги користат за: тетратки, блок за цртање, прибор за пишување, прибор за боење, бои, ранци, гуми за бришење, калкулатори, глина за моделирање, линијари, шестари, лектири, брајова хартија, како и спортска опрема (спортски обувки и спортска маица и спортски панталони) за потребите на наставата за спорт и спортски активности.

Сподели ја веста:
1 Коментар

1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 39 минути

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 2 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 7 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 8 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 9 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 11 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 13 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена