Поврзи се со нас

Гостивар

Во време на пандемија во Гостивар продадени 50-тина недвижности

Објавено

на

И во време на ковид пандемијата на подрачјето на Гостивар се купуваат станови, куќи, но и земјиште.

Според податоците од Агенцијата за катастар, во периодот од 1-ви април до 30-ти јуни во Гостивар биле продадени вкупно 49 недвижности. Од нив, 18 биле станови, 5 куќи, 2 деловни простори, 13 земјоделски земјишта и 11 градежни парцели. Истиот период под закуп биле дадени 4 станови, 15 деловни простори, 4 земјоделски и едно градежно земјиште.

Во околните рурални општини, најмногу се купувале земјоделски површини, и тоа во Врапчиште 16, додека во Маврово Ростуше 12.

Статистиката на Катастар покажува дека 6,3% од вкупниот број на станови во Гостивар се ставени под хипотека кај банки. Од запишани вкупно 52.620 станови,  3.313 се под хипотека. Споредено со останатите поголеми градови во земјава, Гостивар има помал процент на домови под хипотека и се наоѓа на 19 место.

Во периодот април – јуни 2020 година, на целата територија на Македонија се продадени 681 новоизградени станови што е за 38 станови помалку од првиот квартал во 2020 година. Согласно со статистиката на Агенцијата за катастар на недвижности заклучно со јуни, на целата територија на државата има 6.436 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности. За разлика од минатиот квартал, во овој квартал има зголемување на непродадените станови за 4 станови.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена