Вести
Лос Анџелес ќе тестира 600.000 ученици и 75.000 професори пред почетокот на учебната година
Шесто илјади ученици и 75.000 професори ќе бидат тестирани пред почетокот на новата школска година во Лос Анџелес, Калифорнија, САД, со крајна цел децата да не отсуствуваат од наставата и на најбезбеден начин се вратат во школските клупи, објави the Guardian.
Началникот на училишната облст на Лос Анџелес, Остин Бјутнер, рече дека програмата ќе ги опфати сите. „Во план е од понеделник да се почне со тестирање на вработените во училиштата и учениците низ целата област. Дополнително, сите семејства на децата што ќе бидат позитивни на тестот, ќе бидат бесплатно тестирани и следени“. рече Бјутнер.
Училишна област на Лос Анџелес е трета по големина во САД, па од таму и бројката од 600.000 деца и 75.000 професори и придружен кадар.
Учебната година во Лос Анџелес прекина во март, во САД сеуште нема конечна одлука како државите да ја започнат школската година, примерот на Лос Анџелес се гледа како обид да се обезбеди поголема контрола врз коронавирусот пред отварањето на вратите на училиштата, со што би ја следеле и контролирале болеста во училиштата.
Бјутнер во изјавата рече дека програмата и протоколот за безбедна учебна година ќе ја чинат училишната област дополнителни 300 американски долари по ученик во текот на една учебна година.
Состојбата со нови случаи во Лос Анџелес сеуште е на два и пол пати повеќе од државните упатства.
Одлуката на Лос Анџелес да ги тестираат сите ученици и вработените во училиштата доаѓа откако новите податоци покажуваат експоненцијален пораст на случаите „Ковид-19“ кај децата во САД. Државите низ целата земја пријавиле 97.000 случаи кај деца во последните две недели од јули.
Експертите се загрижени поради тоа што училишните области може да поттикнат дополнителен скок во бројот на позитивни случаи на коронавирус, доколку премногу избрзаат со одлуките.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот