Гостивар
30 граѓани во Гостивар ќе платат казни од 20 евра зашто не носеле маски
Полициски службеници секојдневно вршат контроли за почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот. Носењето на заштитна опрема на лицето е задолжително во јавен затворен простор, дуќани, банки, чекални и слично, како и на отворено онаму кадешто нема услови да се одржува растојание од 2 метри.
Во изминатите два дена, на подрачјето на Гостивар вкупно 30 лица биле казнети, поради неносење на маски. За овој прекршок тие ќе треба да платат казна од 20 евра. Тетовци биле уште понедисциплинирани во однос на почитување на мерките. Во Тетово казнени платни налози за два дена добиле 87 лица, кои полицијата ги фатила без маски на лицето.
Истиот период, Државниот здравствен и санитарен инспекторат во Гостивар издал нови 27 решенија за изолација. Биле исконтролирани околу 400 лица со такви решенија, при што не биле утврдени неправилности.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ