Поврзи се со нас

Гостивар

Емилија од Гостивар по оздравувањето од COVID: Сакам да дарувам плазма и да помогнам на други заболени

Објавено

на

Во серијата пораки што Министерството за здравство ги објавува последниот период од пациенти кои го победиле коронавирусот, денес се најде пораката од 27 годишната Емилија Јованоска Божиновски од Гостивар, по професија медицинска сестра во ГОБ „8 Септември“.

„Додека траеше моето лекување имав најмногу грижи да не го проширам вирусот на моите најблиски. Како и секој заболен во тие моменти мислев што побрзо да оздравам и да не ми биде полошо. Во првите денови беше потешко, но со терапијата беше подобро, иако психички не беше воопшто лесно. Како здравствен работник, но и како пациент задоволна сум од целиот персонал, особено д-р Ратко Наумоски кој макотрпно се грижи за сите пациенти. Мојата порака како млада девојка, но и како медицинско лице е граѓаните да внимаваат, да водат грижа за своето здравје и да се придржуваат до мерките за заштита. Доколку можам сакам да дарувам конвалесцентна плазма и да помогнам на заболените побрзо да оздрават“, вели Емилија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена