Занимливости
Знаете ли што е Марфиев закон и како настанал изразот?
Марфиев закон е општо прифатено саркастично размислување кое се состои од низа изјави врз основа на непогрешливи искуствени заклучоци за човечките грешки и грешки во сложените системи.
Дали некогаш автобусот кој сте го чекале пристигнал во истиот момент кога сте запалиле цигара? Дали истиот ден кога сте го испрале автомобилот почнало да врне дожд, односно дали престанало да врне само што сте го купиле чадорот? Можеби тогаш сте почувствувале дека нешто се случува, дека ви е на дофат на рацете некој универзален принцип, кој едноставно само чека да го именувате…
Како настанал изразот Марфиев закон?
Приказната за Марфиевиот закон започнала во 1949-та година во воздухопловната база Едвардс во Муроко, Калифорнија, во текот на експериментално истражување.
Законот го добил името по капетанот Едвард А. Марфи, развоен инженер од Wright Field Aircraft лабараторијата. Исфрустриран поради опремата која не функционирала во текот на мерењето, Марфи ја изговорил својата славна реченица: “Доколку постои некој начин тоа да се направи погрешно, тие тоа ќе го направат погрешно“, мислејќи на техничарите кои ја поврзале опремата во лабараторијата.
На крај, некој ја поправил опремата, па полковникот Пол Стап (кој бил волонтер) конечно можел да почне со експерименталните истражувања. Повеќето тврдат дека токму полковникот Стап за прв пат го употребил изразот “Марфиев закон“ кога на прес конференцијата објаснил дека цело време неговиот тим го имал на ум Марфиевиот закон, за да спречат појавување на грешки.
Стап покасно додал и свој афоризам: “Универзалната способност за неспособност прави да секое човечко достигнување го сметаме за неверојатно чудо“
Во период од само неколку месеци терминот Марфиев закон станал познат низ народот, пред сѐ благодарение на маркетингот, односно на разните произведувачи кои го искористиле во своите реклами.
Во текот на историјата од учените луѓе сме почестени со закони за вселената. Од религиозните пак сме добиле морални закони, од мистиците закони на карма, од рационалистите закони за логички форми, а од уметниците закони за естетика. Но што би добиле од песимистите? Еве неколку од најпознатите Марфиеви закони, како и афоризми кои генерално можат да се наречат Марфиеви закони.
– Ако нешто може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку.
– Ништо не е толку едноставно како што изгледа.
– За сѐ треба повеќе време одколку што мислиш.
– Ако постои можност повеќе работи да тргнат наопаку, наопаку ќе тргне онаа која што ќе предизвика најмногу штета.
– Ако забележиш дека постојат четири начини работите да тргнат наопку и сите четири ги избегнеш, веднаш ќе се појави петиот.
– Препуштени сами на себе, работите имаат склоност да се движат од зло на полошо.
– Кога и да појдеш нешто да работиш, најпрвин мораш да направиш нешто друго.
– Секое решение раѓа нови проблеми.
– Невозможно е било што да направиш да биде отпорно на глупави, бидејќи глупавите се така инвентивни.
– Природата е секогаш на страната на скриените грешки.
– Насмевни се … утре ќе биде полошо.
– Материјата ќе биде оштетена право пропорционално на својата вредност.
– Сѐ оди наопку наеднаш.
– Работите ќе тргнат на полошо пред да тргнат на подобро.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот