Здравје и убавина
Разлики помеѓу органска, природна и здрава храна
Иако на сите ни се познати овие термини и не ретко ги поистоветуваме, а се однесуваат на органски, природни и здрави намирници, сепак имаат различно значење и би сакале да ги разграничиме.
Органска храна – се одгледува без вештачки пестициди, ѓубрива и хербициди. Органското месо, јајца и млечни производи се добиваат од животни кои се одгледуваат по природен пат без додавање на хормони или антибиотици.
Природна храна – храна без синтетички или вештачки состојки (адитиви) и заштитни хамикалии.
Здрава храна – Општ термин за намирници кои можат да бидат и од органско и од природно потекло, или дури и редовни намирници кои претрпеле мала преработка за да бидат здрави. На пример брашно од цели зрна од житарка мелено на млински камен.
Многумина тврдат дека органската храна има поголема концентрација на хранливи материи, но мислењата се поделени. Хранливите состојки на намирниците зависат од тоа начин намирницата е обработена и кога е складирана. Освен доколку намирницата е свежа, нема потврдени докази дека органската или природната храна има подобар вкус или поздрав од обична намирница. Начинот на ракување и обработка на самата намирница исто така влијае на вкусот. На пример доколку доматот е прерано обран, тој сеуште не е зрел па и вкусот не е целосно оформен како на зрел домат.
Доколку на производот кој сте го купиле пишува дека е со органско потекло тоа значи дека во процесот на неговото производство не се користени пестициди, вештачки ѓубрива, јонизирачка радијација, адитиви, антибиотици, хормони за растење, генетски модификации и тн. Извонредно внимание се одвојува за квалитетот и одржувањето на почвата и водата кои се дел од производствениот процес, така што органските фарми се оддалечени од фабрики, автопатишта, фекални канализации и други штетни влијанија и на тој начин нема штетни влијанија врз природната средина. Но мора да се напомене дека органскиот начин на одгледување не ја заштитува истата од контаминирање во текот на транспортот од нива до пазар.
Едно истражување направило разлика во користењето на органска и конвенционална исхрана така што ја набљудувале и проучувале содржината на одредени материи и во едните и во другите намирници, а резултатите биле дека органската храна содржи 27% повеќе витамин Ц, 21% повеќе магнезиум и 13% повеќе фосфор.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот