Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Лекови против болки кои можат да се најдат во кујната

Објавено

на

10. Ѓумбир против болки во мускулите

Истражувачи од Данска откриле дека ѓумбирот, како додаток во јадењето, може да ја ублажи болката во мускулите за цели 63%, за само два месеца. Стручњаците откриле дека во ѓумбирот се наоѓа моќно соединение кое се вика gingerols кое го спречува производството на хормони кои го создаваат чувството на болка.

На крајот од опсежната студија, научниците заклучиле дека, за најголема ефикасност, доволно е да се додаде една лажичка сув или две суров изсецкан ѓумбир во еден оброк дневно. Ѓумбирот исто така се користи и против тегоби  и проблеми во системот за варење, но е корисен и против мала кашлица и настинка. Веќе со години е познато дека ѓумбирот помага и во борбата против рак на јајникот.

9. Каранафилче и лук против болка во забите

За болка во забите постојат два силни лекови, а еден од нив сигурно секогаш имате во вашиот дом. Најпрвин каранфилчето. Нежното џвакање на каранфилче може да ја олесни болката во забите и воспалението на непцата за само два часа, порачуваат научниците од УКЛА. Во каранфилчето се наоѓа eugenol, силен природен анестетик. Покрај тоа што е одлично доколку ве боли заб, каранфилчето е идеално и за смирување на надуеност.

Втор моќен лек за болка во забите е лукот. Кога ќе поткршите лук, alacin, состојка која се наоѓа во него, се ослободува и почнува да делува како антибактериско средство. Следниот пат кога ќе ве заболи заб, подкршете лукче и ставете го на болното место. Болката во забот во некои случаеви исчезнува само за неколку минути, иако би можело да пројдат инеколку часа пред болката целосно да исчезне.

8. Лук против болка во увото

Повторно лук. За лечење на болката во увото, едноставно ставете две капки топло масло од лук (можете да го изпасирате лукот и да го измешате со масло) во болното уво два пати дневно, пет дена.

Овој едноставен третман може да ви помогне подобро и од лековите, тврдат стручњаците од Универзитетот New Mexico School of Medicine. Научниците велат дека активните состојки кои се наоѓаат во лукот (гарманиум, селен и сумпорни соединениа) можат да уништат десетици видови бактерии кои предизвикуваат болка.

7. Цреши против разни болки

Најновите истражувања покажуваат дека барем една од четири жени се борат со артритис или хронични главоболки. Доколку сте една (или еден) од нив, црешите можат да ви ја олеснат болката, порачуваат истрачувачите од East Lansingu, Michigan State University.

Нивното истражување открива дека антоцијанини, соединенија кои му ја даваат на црешата црвената боја, имаат антивоспалаторни својства итоа 10 пати посилни од аспирин. “Антоцијанините помагаат помагаат при гаснење на силни ензими кои го започнуваат процесот на воспалување, така да тие можат да спречат, како и да лечат, многу различни видови на болка“, објаснува Пр. Др. Мураледхаран Наир, професор по наука за храната Државниот Универзитет во Мичиген. Неговиот совет е: Уживајте во 20 цреши (свежи, замрзнати или суви) дневно, а потоа продолжете сѐ додека болката не исчезне.

6. На лековите за мигрена додадете и јако кафе

Ако сте склони кон мигрени, научниците порачуваат после употребата на вашиот лек напијте се и филџан јако црно кафе.

Научниците од National Headache Foundation тврдат дека кафето ќе ја зголеми ефикасноста на лековите за мигрена за 40% или повеќе. Стручњаците велат дека кофеинот ја стимулира слузта во желудникот да ги апсорбира таблетите против болки побрзо и поефикасно.

5. Солта ја ублажува болката во стапалата (и од ноктите кои растат во месо)

Научници од Стенфорд порачуваат дека решение за поблемот со “ноктот кој нараснува во месо“ е доста едноставно. Според нивните зборови, сѐ што треба да направите е стапалот редовно да го потопувате во топла солена вода, така што оваа болна ситуација може да есчезне за само четири дена. Солта го ублажува воспалението, а исто така има и антибактериски својства, односно ефикасно делува против бактерии кои предизвикуваат отекување и болка.

Размерот би требало да биде една лажичка сол во една чаша вода, а температурата на водата може да биде и собна, важно е да не биде многу ладна, бидејќи тоа може да создаде додатни непријатности. Стапалото чувајте го потопено дваесетина минути, два пати дневно, сѐ додека инфекцијата не се намали.

4. Грозје против болки во грбот

Ако имате болки во грбот, грозјето би можело да биде едноставен и вкусен начин за брзо опоравување. Неодамнешна студија од Даржавниот Универзитет во Охајо укажува дека конзумирање на една чинија грозје дневно може да ги опушти тесните крвни садови и значително да го подобри протокот на крв во оштетеното ткиво од грбот (и тоа, често, за време од три часа).

Р`бетот потполно зависи од крвните садови кои го опкружуваат, бидејќи тие му го доставуваат неопходниот кислород и хранливите материи, така што подобрувањето на протокот на крв е клучен чекор за оздравување на оштетените ткива во грбот, тврди Др. Стенглер од гореспоменатиот универзитет.

3. Боровинки против инфекции и болки во бешиката/ мочниот меур

Конзумирање на една чинија боровинки дневно, замрзнати, свежи или цедени (како сок), може да го намали ризикот од инфекција на мочниот систем за цели 60%, тврдат истражувачите од Универзитетот Rurgers  од Њу Џерси.

Боровинките се преполни со танини, растителни соединенија кои се силен природен непријател на бактериите кои предизвикуваат проблеми во мочниот меур. Обично сите овие бактерии, против кои се борат боровинките, појдовна точка за болки  и инфекции во мочните канали, објаснува Др. Еми Хувел научник на Rutgers Универзитетот.

2. Медот ги лечи болните ранички во устата

Раничките во устата обично настануваат после настинка или грип и можат да бидат доста болни и непријатни. Но и за нив постои едноставен лек кој се ноѓа во вашата кујна. Доволно е да нанесете непастеризиран мед четири пати дневно, сѐ додека не исчезнат.

Овој природен лек е поефикасен ос лековите за 43%, тврдат истражувачите од Medical Center Dubai во Обединетите Арапски Емирати. Суровиот мед е природен ензим кој се бори против воспаленијата, ги уништува вирусите и го забрзува опоравувањето на оштетените ткива, велат авторите на студијата.

1. Куркумата како лек за хронични болки

Најновите студии покажуваат дека куркумата, популарен индиски зачин, всушност три пати поефикасна (кога се работи за ублажување на болките) од аспиринот, а и може да помогне да се ублажи хроничната болка за дури 50% кај луѓето кои се борат со артритис, тврдат истражувачите од Корнел.

Во последните години се случува експанзија во истражувањата на куркуминот – антиоксиданс пронајден во куркумата. Студиите покажале противоспалаторно, антивирусно, антибактериско, антифунгално и антитумурско дејствување. Истражувачите препорачуваат да додавате 1/4 лажичка дневно во било кое јадење, од ориз па сѐ до месо или зеленчук.

Напомена: Секогаш посоветувајте се својот лекар пред употребата на куќните лекови. Иако наведените генерално не можат да ви наштетат, сепак постои можност лошо да делуваат на вас доколку моментално сте под друга терапија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 6 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 10 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 11 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 12 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 14 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 14 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 16 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 17 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена