Гостивар
Субвенциите за велосипеди Општина Гостивар ќе ги исплаќа од наредната недела
Околу 200 граѓани поднеле барање во Општина Гостивар за субвенции за велосипеди. Мерката е дел од општинската Програма за заштита на животната средина и природа за 2020-та година, со цел да се стимулира користење на алтернативни начини на превоз.
Општината на граѓаните ќе им надомести дел од трошоците за купување на велосипед и тоа во висина од 50% од вредноста, но максимум до 5.000 денари.
Деновиве комисија ги проверува документите во барањата, а исплатата за сите кои ги исполнуваат условите ќе почне следната недела.
„Пристигнаа околу 200 пријави и тие моментално се обработуваат. До крајот на неделава би требало да се изврши проверка на сите пријави и веќе од следната недела да започне исплатата на субвенциите на оние граѓани за кои комисијата утврдила дека ги исполнуваат усовите“, информираше Валбон Лимани, шеф на кабинет на градоначалникот на Гостивар
Освен за велосипеди, Општина Гостивар ќе субвенционира и набавка на инвертер клими. Право да добијат надоместување на дел од трошокот за инвертер, ќе имаат граѓани кои своите печки на дрва за огрев, ќе ги заменат со вакви грејни тела, кои се сметаат за енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.
Начинот на пријавување ќе биде ист, преку јавен оглас, кој ќе биде отворен есенва.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок