Вести
Во локал во Гостивар фатени Албанки и Косоварки кои работеле на црно
Во полициска акција спроведена синоќа, во угостителски објект во Гостивар биле откриени пет странски државјанки без регулиран престој. Три од нив биле од Албанија, а две од Косово. Девојките на возраст од 23 до 38 години, незаконски биле ангажирани во локалот како пејачки и танчерки. Освен нив, полицијата затекнала и две женски лица од Македонија, кои исто така работеле на црно. Акцијата е организирана во насока на откривање евентуална трговија со луѓе и проституција.
Девојките од странство, сопственикот на локалот и уште едно машко лице кое ги навредувало полициските службеници, биле приведени во Полициската станица во Гостивар. Како што информираат од СВР Тетово, по обавениот разговор, сопственикот и машкото лице се пуштени дома, додека странските државјанки се предадени на Одделението за прекуграничен криминал, миграции и странци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот