Поврзи се со нас

Гостивар

Обука за економско јакнење на жените од руралните средини во Гостивар

Објавено

на

Денеска во Гостивар се одржа обука за лобирање и застапување на потребите за економско јакнење на жените од руралните средини. Обуката ја реализираше Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница“, кој што го спроведува во партнерство со здружението на жени фармери, Моја Фарма од Гостивар.

Обуката е дел од низата на активности кои што се спроведуваат во насока на  унапредување на практикувањето на родовата рамноправност и еднаквост во руралните средини како и зголемување на социо-економската инклузија на жените од руралните средини.

„Во текот на Ковид кризата се потврди дека поголемиот обем на обврски меѓутоа и поголемиот психолошки притисок да се заврши се на време паѓа токму на жената, па ваквата состојба негативно влијае и на економската стабилност на жената во руралната средина, што пак меѓу другото упатува и на потребата од делување и застапување во насока на создавање на родово-сензитивни политики и мерки кои што подеднакво ќе ги опфаќаат и мажите и жените и ќе придонесат кон одржливиот рурален развој. Денешните совети и практики дадени на самата обука треба да им помогнат и на мажите и на жените да станат свесни за потребите и на едните и на другите, но и да знаат како истите да ги застапуваат и остваруваат особено кога станува збор за застапување пред локалните и национални институции.“, рече Лилјана Јоновска од Рурална коалиција.

Обуката воедно претставуваше и подготвителна активност, за застапувањето на потребите и препораките на жените пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а кои што препораки се однесуваат на следното:

Препорака 1: Да се зајакне свеста во руралните средини за улогата на жените во домот, во земјоделското стопанство и во локалната заедница. Да им се даде можност на жените да ја зголемат финансиска сигурност преку добивање на имот и финансиска поддршка на свое име, како и рамноправен глас при донесувањето на одлукиво семејството, итн.

Препорака 2: Да се подобри квалитетот на живот на жените од руралните средини, со обезбедување на социјална и здравствена заштита на жените од руралните средини, како и пристап до здравствени и социјални услугипотребни за нејзиното непречено делување во локалната заедница.

Препорака 3: Да се зголеми информи-раноста и алатките во процесот на најава и објавување на мерката 115 и на други мерки од други извори за финансирање.

Препорака 4: Да се продолжи со градењето на партнерски однос со институциите, како и зголемување на довербата во нив. Да продолжи со работа Работната група за родова еднаквост и зајакнување на жените при МЗШВ, каде што се вклучени и жените од руралните средини  преку граѓанските организации.

Проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница“ e финансиран како под-грант во рамките на проектот „Градење на капацитетите на МРР и нејзините членки” спроведуван од Мрежата за Рурален Развоj, а финансиран од We Effect и Шведската агенција за меѓународна соработка за развој (Сида).

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 11 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 12 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 15 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 17 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 19 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 20 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 21 час

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 22 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена