Македонија
Уште денес важи „Викенд без ДДВ“
Денес (12 октомври) е последниот ден за реализирање на мерката „Викенд без ДДВ“. Целосниот поврат на ДДВ важи за македонски производи и услуги, како и ИТ опрема од било кои производители, а максималната вредност на платената сума изнесува 30.000 денари.
За да ги добијат парите од данокот назад, граѓаните мора да се корисници на апликацијата МојДДВ, и да ја скенираат фискалната во рок од три дена од издавањето.
Ако скенираат по истекот на овој рок, враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како досега, односно ќе се пресметува со 20% од платениот ДДВ во фискалната сметка.
Враќањето на целосниот износ на ДДВ ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки, соопштија од Управата за јавни приходи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!