Спорт
Нурмагомедов со 29 победи замина во историјата
Хабиб Нурмагомедов вчера ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ, откако го совлада Џастин Гејџи во втората рунда од нивната борба.
На спектаклот во Абу Даби, по релативно, изедначена прва рунда, во која Хабиб имаше за нијанса подобар настап, во втората не се чекаше долго за крај, го собори Гејџи и го „загуши“ со триаголник со нозете, при што американецот за кратко и загуби свест, а веднаш по крајот на борбата, русинот не можеше да ги задржи солзите, посветувајќи му ја победата на својот неодамна починат татко и тренер.
Како најави Хабиб, ова е неговиот последен меч. Нурмагомедов ја заврши кариерата како неприкосновен крал на УФЦ со 29 победи на исто толку натпревари.
„Мајка ми не сакаше да се борам во октагонот без татко ми, јас и ветив дека без разлика дали изгубил или победил ова ќе биде моја последна борба“ – изјави Нурмагомедов.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот