Вести
Благодарници за полицајците Пајковски и Зеќири за спасени човечки животи
ХРАБРОСТА И ХУМАНОСТА НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ!
Рефик Пајковски, командир на Полициското одделение Ростуше и Ведат Зеќири, раководител на смена во ПС за граничен надзор Жировница, добија благодарници од градоначалникот на албанскиот град Пешкопеја, Муарем Рама за својот хуман и професионален продонес во спасување на двајца албански државјани. Настанот се случил пред седум години. Храбрите полициски службеници успеале да ги извлечат албанските државјани, кои биле заглавени во длабок снег на екстремно ниски мартовски температури, на планината Кораб, откако илегално влегле во нашата земја со намера да заминат во Гостивар.
-Многу ни е драго за ова искажано внимание и почит. Нашата работа е таква и ние сме подготвени и во иднина да постапуваме на ист начин во слични ситуации, рече командирот Пајковски при примањето на благодарниците.
Градоначалникот на Пешкопеја, Рама им ги врачи благодарниците во рамки на својата посета на општина Маврово – Ростуше, како гостин на неговиот колега Мукрем Мехмеди со кого развиваат повеќегодишна општинска меѓугранична соработка.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ