Гостивар
Амбасадорката на Британија Галовеј во посета на Гостивар
Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј денес ја посети Општина Гостивар и оствари средба со градоначалникот Арбен Таравари.
На средбата се разговараше за состојбата со ковид пандемијата, поддршка на проекти и активности, функционирањето на локалната самоуправа, евро-атланските интеграции и друго.
„Чест ми е што во нашата општина ја имаме Амбасадорката Галовеј. Разговаравме за многу теми, за пандемијата со Ковид 19 и справувањето со состојбите, проектите што ги реализира општината и тие што се планирани до крајот на нашиот мандат, како и поддршката што ја имаме од нашите пријатели Велика Британија“, рече градоначалникот.
Амбасадорката Галовеј по средбата изрази особено задоволство што во Гостивар се спроведуваат проекти и активности коишто се насочени кон поддршка на младите.
„Имав можност да се запознаам со состојбите и справувањето со ковид кризата во Гостивар. Со градоначалникот направивме интересен разговор околу тоа штоопштината прави за да ги поддржи граѓаните, особено младите кои на некој начин се најпогодени од пандемијата и ситуацијата во земјата. Среќна сум што и ние како Амбасада можеме да работиме заедно со невладини организации во Гостивар за поддршка на младата популација. Исто така, изразувам задоволство што овде функционира младински центар, еве се прави и спортски центар“, изјави Галовеј.
Британската Амбасадорка во Гостивар имаше средба и со членови на општинскиот Совет, а најави дека во текот на денот ќе ја посети и природната гордост на подрачјето, пештерата „Убавица“ во Ѓоновица.
Денешната беше втора официјална посета на Галовеј во Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!