Гостивар
Монументот Гостивар осветлен во сино по повод Светскиот ден против дијабетес
По повод Светскиот ден против дијабетесот, монументот ГОСТИВАР на Кејот на Вардар вечерва е осветлен во сино. Со ова Општина Гостивар се приклучи во кампањата на Сојузот на здруженија на дијабетичари. Кампањата има за цел да ја подигне свеста на граѓаните и да им даде поддршка на оние живеат со оваа болест. Воедно градоначалникот Арбен Таравари оствари средба со здружението на дијабетичари, на која се разговараше за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат лицата со дијабет, особено во време на пандемија.
„Како општина се приклучуваме во одбележување на Светскиот ден на бробра против дијабет, со цел да се подигне свеста за превенцијата, како и за потребите на граѓаните со дијабет, и за нивна поддршка“, рече градоначалникот.
Светскиот ден против дијабетес првпат беше одбележан во 1991 година од страна на Меѓународната фондација за дијабетес и Светската здравствена организација.
Дијабетесот е хронично заболување каде панкреасот не произведува доволно инсулин. Бројот на луѓе со дијабетес во светот денес е над 425 милиони.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ